Наши ѕвезди

Ќе се изненадите која жена седи на троседот кај Боки 13 – насмеан и среќен, ја угости во својот дом

Боки имаше интересна гостинка

Advertisement

Контроверзниот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, се врати од Париз и повторно го украде шуто.

Имено, Боки пред само неколку дена се појави во необичен металик мантил на модната недела во Париз и за ова негово издание пишуваа и медиумите од соседството, но нема да се изненадиме ако заврши и во некои од најпознатите светски магазини за мода.

Advertisement

Но додека сите се уште го коментираат неговото издание во кое изгледаше како излезен од филмот „Војна на ѕвездите“, Боки повторно ги изненади сите, овој пат со фотографија од својот дом.

Принтскрин/ТВ Пинк

Имено, Боки откри кој му дошол на гости – неговата голема пријателка, но и една од најпознатите балкански пејачки.

Advertisement

Станува збор за Лепа Лукиќ, а Боки се сликаше во опуштено издание во неговиот дом, па покажа и како изгледа дневниот престој.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Ми пристигна на гости мојата најдрага Лепица, вечерва ќе растуриме на поткаст! Се гледаме во 21ч на мојот YouTube канал, Лепа моја“, напиша Јовановски под заедничката фотографија.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, Лепа Лукиќ беше гостинка во подкастот на Боки, каде се отвори и зборуваше за своето детство.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Таа откри дека пораснала сиромашна, а нејзиниот татко починал кога имала само две години, така што и не се сеќава на него.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

„Имав 2 години кога почина татко ми, не го познавам, велат дека личам на него. Ги имаше само брат ми и мене. Се сеќавам дека чувствував сиромаштија како дете, многу ја сакав мајка ми, пораснав само со неа. Кога ја изгубив, имаше 94 години, никогаш не ја преболев. Таа беше единствената што ја имав, ме поддржуваше, но не го покажуваше тоа пред брат ми“, изјави Лепа во подкастот кај Боки, а потоа зборуваше и на многу други теми од нејзиниот живот.

Целото видео со Лепа и Боки погледнете го во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button