Боки 13 ја ‘рснуваше Гавазова во живо, гледачите во шок – „Крштена си, 5500 евра за овие чизми?!“ (видео)
Гавазова и Боки направија хаос на социјалните мрежи

„5.500 евра за оваа креација?! Ти крштена си?“
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, неодамна жестоко ја критикуваше нашата позната пејачка Сузана Гавазова.
Имено, Гавазова беше гостинка во подкастот на Марио Арангеловски каде што откри дека фустанот што го носи е од Елена Лука кој чини 5000 евра, но и чизми од Филип Плајн за кои дала исто толку пари.

Принтскрин/ Јутуб
За ова свое издание Гавазова беше жестоко искриткувана, како за фустанот за кој Боки вели дека бил направен од евтина чипка, така и за гламурозните чизми кои според Боки се крајно кич.
Но откако неодамна ја искритикува за нејзиниот стајлинг, Боки сега и се јави во емисија на Гавазова и сé и кажа во лице.

Принтскрин/ Јутуб
Тој зборуваше со неа преку мобилниот во живо, а емисијата се емитуваше на неговиот канал на социјалните мрежи.
„Крштена си или не крштена си, така да лажеш?!“, ја праша најпрво Боки во врска со цената на фустанот, по што Гавазова потврди дека фустанот навистина толку чинел, а таа само го носела, па потоа го вратила.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Не излажав, тоа е цена што одредила Елена Лука. Јас само ја носев креацијата“, му одговори пејачката.
„Тогаш ти си будала. Тогаш ти не си нормална. Како таа креација си можела да ја платиш 5.500 евра?!“ ја праша Боки.
„Не ја платив туку само ја носев, и потоа ја вратив“, му одговори Гавазова, па го додаде и следново:
„Таа сака да си направи светски бренд и не сака секој да ја носи нејзината креација“, вели Сузе, а Боки додаде:
„Сузе, таа креација не сака да ја носи никој, а не секој. Таа креација никој освен ти така ашната и не крштена, будала, си ја зела“, вели Боки во негов стил, а потоа побара и да и ги види чизмите.

Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Е кај бе злато, еве сега, само слушај, во право беше за тие чизми од Филип Плајн навистина се кич. Јас тие чизми ги купив пред осум години“, му откри популарната пејачка на Боки, додека тој во поздината цело време изразуваше чудење за нејзиниот стил:
„Боже, боже, боже“…
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инаку, тие подоцна се договорија овие гламурозни чизми да ги продадат на оној што ќе даде најмногу, а парите да го донираат за организацијата „Супорт Кочани“, а овој нивен потег што ги воодушеви сите.

Фејсбук
Пејачката откри и дека концертот што ќе го има наскоро со Аца Лукас во Германија исто така е хуманитарен.
Станува збор за голем концерт кој тие го најавија во Паерн, Швајцарија, каде освен Сузана и Лукас ќе настапи и група Круна.
Настанот е во организација на Македонското добротворно друштво Пирок и истиот ќе се одржи на 15 ноември.




