Реклама
Култура[тор]

Бојан Велевски во Радовиш: „Публиката ќе се смее на секои 20 секунди!”

Реклама

Најактуелниот stand up-комичар во изминатиот период кај нас, Бојан Велевски, во рамки на својата турнеја „TOUR DE STAND UP” доаѓа и во Радовиш!

По трите преполни сали во Штип, двете по ред шоуа во Гевгелија, на два пати распродадениот настап во Домот на АРМ во Скопје, како и незапамтениот интерес во Кочани, Крива Паланка, Валандово, Свети Николе, Делчево, Кавадарци, Струмица, Велевски ветува незаборавно шоу и во Радовиш!

Маркетинг

„TOUR DE STAND UP” е претстава во која Бојан ќе го изведе најдобриот свој материјал или најдоброто од над 200 настапи, сублимирано во само 75 минути! Воедно, тој ветува уникатно искуство, ветувајќи дека публиката ќе се смее на секои 20 секунди:

Маркетинг

„TOUR DE STAND UP” е насловот на оваа stand up турнеја, а целта ни е да поминеме 30 градови низ Македонија, нешто што досега кај нас не се случило. Идејата на овој перформанс од 75 минути е публиката да се смее на секои 20 секунди! Тоа и’ го ветувам на публиката во Радовиш !” – вели Бојан.

Атмосферата во Кавадарци …

Настанот е закажан за 21-ви април, четврток, во Центарот за култура „Ацо Караманов” со почеток од 19:30 часот. Влезниците за настанот кој не смеете да го пропуштите се во ограничен број и по цена од 100 денари, а истите можете да ги резервирате на телефонскиот број 077/ 58 48 51. Погледнете каква беше атмосферата низ Македонија на „TOUR DE STAND UP”

{youtube}AH6336LfjMU{/youtube}

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button