MAMAДом и семејство

Бојадисување јајца со вино – старинска техника за прекрасна виолетова боја со светкав ефект

Бојадисувањето јајца во вино не е модерна техника – уште одамна ја користеле монасите во манастирите, познати и по производството на квалитетно вино.

Advertisement

Во времиња кога боите и налепниците не биле достапни, верниците се снаоѓале со природни методи на бојадисување велигденски јајца.

принтскрин јутјуб

Бојадисувањето јајца во вино не е модерна техника – уште одамна ја користеле монасите во манастирите, познати и по производството на квалитетно вино.

Advertisement

Виното, како пијалак со сиболика во христијанството, е поврзано и со првото чудо на Исус Христос – претворањето вода во вино.

За оваа техника ви се потребни неколку состојки: јајца, црвено вино, сол и шеќер – а резултатот е неодолива темновиолетова боја со светкав ефект.

принтскрин јутјуб

Постапка:

Ставете ги јајцата во тенџере и покријте ги со црвено вино (важно е да бидат целосно потопени). Додадете по една лажица сол и шеќер. Кога ќе зоврие виното, варете уште 5 минути, потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете ги јајцата да отстојат најмалку 12 часа, најдобро преку ноќ.

Advertisement

По вадењето, ќе ве воодушеви длабоката виолетова нијанса и ефектот налик на песок, создаден од кристалите сол и шеќер.

принтскрин јутјуб

Фарбањето јајца е еден од најубавите велигденски обичаи, традиционално се практикува на Велики петок, најчесто во црвена боја која ја симболизира Христовата крв – но оваа виолетова варијанта е подеднакво убава и инспиративна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button