Реклама
Коса

Да ја бојадисувате косата или не: Ако ве мачи оваа дилема, еве го решението за вас

Реклама

Со бојадисувањето на косата ќе изгледате помлади од другите, кои ќе ве сметаат за далеку попривлечни отколку со седите влакна.

 

Со бојадисувањето на косата ќе изгледате помлади од другите, кои ќе ве сметаат за далеку попривлечни отколку со седите влакна. Кога наутро ќе се погледнете во огледалото, ќе се видите себеси какви што сте биле некогаш во минатото, па ќе се почувствувате подобро. Така ќе делувате поуредно, а доколку пак порано ви се појавиле седите влакна, бојадисете ја косата за вашето дете да има помлада мајка. Меѓутоа, не е сѐ во прилог на бојадисувањето.

Маркетинг

Три бои на коса кои ќе бидат хит оваа пролетна сезона >>

Седата коса ќе ви дојде добро ако се најдете во ситуација која бара да бидете почитувани. Седата коса добро им стои на политичарите, адвокатите, судиите. Со таква нијанса луѓето ќе ве доживеат како искрена и отворена личност, доследна на себе и на професионалните односи. Затоа, конечната одлука сепак останува на вас.

Маркетинг

И седата коса бара одржување

Ако сте одбрале да останете или да станете седокоси, треба да знаете дека седата коса бара многу. Таа редовно мора да се скратува и да се фенира, а кога малку ќе се извалка, станува жолта, па мора и често да ја миете. Наместо фарба, можете да изберете благ прелив кој на седите влакна ќе им даде сјај. Така ќе останете доследни на себе, а истовремено ќе бидете негувани и полни со свежина.

Нова техника за бојадисување на коса што ќе ја обожавате >>

Ако прв пат се бојадисувате седи

Кога прв пат ќе се одлучите да ги покриете седите влакна, а не сте сигурни во изборот на боја, исечете еден прамен и бојадисете го за проба. Бојата на седите влакна ќе биде посветла, особено после неколку миења. Ќе добиете убав ефект со нежни прамени. Најдобар избор се природните бои со растителни екстракти и минимална количина на вештачки, хемиски супстанци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button