Воопшто не сме изенадени од популарноста на оваа боја.
Модните писти за сезона пролет/лето 2018 беа преплавени со облека во боја на лаванда, која е смирувачка, има моќ да опушта, исто како и самото цвеќе по кое го носи своето име. Освен тоа, бојата на лаванда одлично се комбинира со тегет, кафеава, зелена, црвена, црна, портокалова и многу други бои.
Оваа боја класично се комбинира и со фармерки, добро им прилега и на русокоси, бринети и црвенокоси дами, а делува одлично и со дневна или вечерна шминка. Облечете едно парче облека во оваа боја или пак одлучете се за целосен ваков изглед и нема да погрешите. Ова е боја која можете да ја носите од утро до вечер Доколку повеќе преферирате некои неутрални тонови, тогаш одберете барем лак за нокти во оваа боја и ќе бидете во тренд.