Реклама
Трендови

Оваа боја е хит за ова лето – ја обожаваат познатите дами, но и нашите девојки!

Реклама

Боја кој важи за еден од најголемите трендови

Не знаеме дали е виновен ефектот од познатиот филм La La Land  или Бијонсе во нејзиниот спот за песната Hold Up со кој уште од пред година дена не маѓепса со преубавата креација од Кавали, но факт е дека фустаните во жолта боја и оваа пролет се вистински хит.

Маркетинг

Ема Стоун во жолт фустан танцуваше до својот прв Оскар… 

Маркетинг

A нејзината истоимена колешка и актерка Ема Вотсон ја оживеа принцезата Бела од бајките во прекрасен фустан за бал во иста боја.

Бијонсе ни покажа како да ја носиме бојата која е хит оваа сезона >>

Но прекрасната Бела од „Убавицата и ѕверот“ во вистинскиот живот ја одглуми Лесли Ман на доделувањето на Оскарите, додека на црвениот килим на Златниот глобус својот бремен стомак во преубав жолт фустан го покажа и Наталија Портман.

Најубавите фустани во весели (про)летни бои >>

Жолтата боја беше хит и минатата пролетна сезона кога модните дизајнери преферираа ефектни парчиња со необичен дезени и кроеви. Жолтите фустани и годинава беа хит на модните писти, а нам посебно ни се допадна преубавиот фустан со карнери од Chloé.

Еве кои бои и трендови ќе ги носиме оваа пролет >>

На оваа боја не може да им одолеат ни на ИТ девојките од Модните недели па таа беше сеприсутна и во нивните street style галерии.

Но и на нивните Инстаграм профили …

Од преубави парчиња во шик сончеви нијанси, до популарната сенф боја отворете ја галеријата што следува, изберете фустан во нијанса која најдобро одговара на вашиот тен и тргнете во пролетно освојување на модните врвови.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button