Доколку „сте станале на лева нога“, еден од најдобрите начини да го подобрите своето расположение е да изберете одредена боја која ќе ја носите тој ден. Погледнете за што поточно станува збор.
Ако сте нервозни
Доколку сте нервозни, црвената боја не е добра за вас. Плавата е прилично смирена боја, баш како и зелената, а се поврзуваат со довербата и сигурноста. Ако се чувствувате нервозно, може да изберете и розеви тонови, за да ја добиете посакуваната топлина. Внимавајте да не претерате, за да не добиете спротивен ефект.
Ако сте тажни
Црвената можеби е најенергичната боја и таа ќе ви помогне при подигнувањето на расположението во моментите кога не се чувствувате баш најдобро.
Ако сте уморни
Најдобрата боја во овој случај е портокаловата. Таа со себе ја носи енергијата на црвената боја, но и потсетува на лето. Меѓутоа, не се одлучувајте за цел стајлинг во ваква боја, затоа што сепак би можело да изгледате премногу нападно, па најдобро би било да ја комбинирате со повеќе бои.
Ако сте лути или под стрес
Во овој случај повторно треба да ја избегнувате црвената боја, со оглед на тоа дека поттикнува нервоза, но и бес. Во вакви моменти обидете се со некои плави или зелени тонови, кои имаат ефект на смирување.