Коњско опавче, плетенки и пунџи – како да направите бохо фризура во само неколку чекори
Девојки, доколку сакате да ги доловите позитивните вибрации од романтичните шеесети години, како и волшебниот гламур што струи заедно со бохо стилот, тогаш пробајте ги овие неколки едноставни но совршени фризури.
Време е за реси, модни додатоци, накит, макси фустани.. Време е за бохо фризури!
Бохо стилот во модниот свет е повторно популаризиран во последните 20 години. Станува збор за микс од најдоброто од хипи стилот, боемскиот и „циганскиот“ стил. Од хипи стилот се позајмени панталоните во форма на трапез, макси фустаните и ниските панталони, потоа од боемите ХХL облеката, марамите како и цвеќињата, а од циганскиот стил е позајмено слоевитото облекување, како и накит украсен со бисери, злато. Меѓу девојките кои го сакаат овој стил се Кејт Мос, Никол Ричи, сестрите Олсон, Сиена Милер …
Што се однесува до фризурите, типичните фризури за бохо стилот се фризури кои што се индивидуални, роматнични и со слободен дух.
Доколку сакате да испробате некоја ваква фризура, погледнете ги следниве видеа:
ПЛЕТЕНКА ВО БОХО СТИЛ ЗА 5 МИНУТИ
{youtube}TNItdcCp-dI{/youtube}
Погледнете како да ја направите оваа „бохо“ фризура која можете да ја носите во комбинација со некој убав романтичен фустан.
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/10931-boho-frizura?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
ЕДНОСТАВНО, НО БОХО! – ФРАНЦУСКА ПЛЕТЕНКА И ПУНЏА
Едноставно, но бохо! – француска плетенка и пунџа
{youtube}nM2qxIdVDoQ{/youtube}
Оваа комбинација е апсолутен хит во последниве неколку години. Па, доколку знаете да направите француска плетенка, оваа фризура е совршена за вас. Се прави лесно и изгледа секси!
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/10931-boho-frizura?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
СТРАНИЧНО КОЊСКО ОПАВЧЕ
{youtube}oXSSh3OQHzg{/youtube}
Едноставна, но симпатична фризура која можете да ја направите во само неколку потези. Погледнете!
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/10931-boho-frizura?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Врати се горе »