Реклама
Култура[тор]

„Bohemian Rhapsody“ од „Queen“ прогласена за најслушаната песна на 20 век на интернет

Реклама

Одговорните најпрво кажаа дека никогаш нема да се продава добро, бидејќи во оригиналната верзија траеше цели седум минути, а во последната шест.

И покрај тоа што во неа се споменува и Галилео, Велзевул и Скарамуча, се покажа дека песната на „Queen“, „Bohemian Rhapsody”, според податоците на дискографската куќа „Universal Music Group“ е најслушаната песна на интернет од дваесеттиот век.

Маркетинг

„Bohemian Rhapsody” е создадена во 1975 година, а потоа многу често се „вртеше” по радио станиците. Песната повторно привлече внимание со новиот филм со истото име. Музичкото видео за овој спот во светот е прегледано 1,6 милијарди пати, објави „Universal Music Group“ .

https://www.instagram.com/p/BppZJL8Fk4e/

Маркетинг

 

На крајот на 1975 година, песната беше на врвот на листите цели девет недели, што во тоа време ја направи трет хит со најдолг период на самиот врв на музичките листи. Дискографските куќи ЕМИ и Електра тогаш сакаа да отсечат делови од оваа епска работа во Велика Британија.

https://www.instagram.com/p/BkKb92UAGuH/

UMG објави дека песната била попопуларна од „Smells Like Teen Spirit“ на Nirvana и „Sweet Child O’Mine“ на Guns N’ Roses.

 

Но, Роџер Медоуз-Тејлор објаснува: „Тие кажаа дека е предолга и дека нема да функционира. Мислевме дека можеме да ја пресечеме, но тогаш немаше да има никаква смисла. Ќе ги пропуштите сите различни мелодии на песната и рековме – не. Или поминува или не поминува. И не згрешивме.“

 

Во филмот „Bohemian Rhapsody” покојниот фронтмен на бендот, Фреди Меркјури, го игра познатиот актер Рами Малек. Филмот, ова генијално музичко ремек дело го доближи и до помладите генерации. Пет недели од објавувањето на благајните филмот заработи 600 милиони американски долари.

Малек минатата недела беше номиниран за Златен глобус за музичка изведба, а се очекува во јануари да биде номиниран и за Оскар. Универзал вели дека во последните неколку недели го промовира синглот преку своите стрим-платформи. Според нивните податоци евидентирани од сервисите како Spotify, Deezer и Apple Music „Bohemian Rhapsody” е несомнено најпопуларната песна на 20-от век.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button