Наши ѕвезди

Богат бизнисмен од Македонија го запали „Гранд“ со својот неверојатен глас – цел Балкан воодушевен

Овој пат во студиото дојде со сопругата Цветанка и синот Даниел, а кога запеа сите се воодушевија

Advertisement

Повторно ги воодушеви сите.

Македонскиот бизнисмен од Тетово повторно ги воодушеви сите со својот настап во популарното шоу „Никогаш не е доцна“.

Advertisement

Станува збор за Тони Тушев кој повеќе од две децении се занимава со продажба на нови и половни автомобили, а сега реши да си ја проба среќата во едно од најгледаните шоуа за ветерани во регионот.

И секако дека ова беше вистински чекор за него бидејќи сега за Тони и за неговиот талент зборува целиот Балкан.

Advertisement
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Тушев откако претходно се престави со популарната песна „Дајте вина хочу лом“, овој пат ги изненади сите со хит од Харис Џиновиќ.

Публиката беше воодушевена од неговиот настап, како и жирито, а во студиото беа и сопругата Цветанка и синот Даниел.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Тие беа дојдени да го бодрат, а како изгледаше неговиот настап погледнете во видеото на крајот од текстот.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Потсетуваме, Тони има 53 години и живее во Тетово каде има свој голем бизнис за продажба на нови и половни автомобили.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Како млад имал и свој бенд, но 15-на години не се занимавал со музика туку му се посветил на бизнисот и изградил империја.

Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не вели никогаш

Но затоа неговиот син се занимава со музика и има свој бенд, а Тони често знаел да им се придружи и да запее на некои нивни свирки.

Како изгледаше неговиот настап, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button