Кафе муабет

Приказна за берберот и муштеријата

Advertisement

Еден човек отишол на бербер да се ишиша и избричи. Како што берберот почнал да работи, разврзале муабет. Разговарале за многу работи и за различни теми, за на крај да стигнат до Бог.

bog1

Advertisement

Фризерот: “Јас не верувам дека Бог постои.“

“Зошто така рековте?“ – Прашува муштеријата.

“Знаете, доволно е да излезете на улица и да сватите дека Бог не постои. Кажете ми, ако Бог постои зарем по улиците би шетале толку гладни и болни луѓе?“

“Дали би имало толку напуштени деца? Ако Бог постои не би имало страдање и болка. Не можам да го замислам тој Бог кој би дозволил вакви работи да се случуваат“ – вели берберот.

Муштеријата се замислил за момент, но не одговорил ништо, несакајќи да започне расправија. Берберот завршил со својата работа и муштеријата ја напуштил работилницата.

bog2

Само што излегол видел на улица човек со долга, неуредна, валкана коса и неугледна брада…

Муштеријата се вратил назад кај берберот и рекол:

“Знаете што? Бербери не постојат!“

Отвори ја устата само ако она што ќе го кажеш е поубаво од тишината>>>

“Како можете тоа да го тврдите?“ – запрашал изненадено берберот. “Јас сум тука и јас сум бербер и токму јас ве шишав и ве бричев!“ “Не “– Викнал муштеријата. “Бербери не постојат, бидејќи ако постоеа не би имало низ улиците луѓе со валкани долги коси и неизбричени бради, како овој човек кој тукушто помина.“ “Ах, но бербери сепак постојат! Такви работи се случуваат бидејќи луѓето не доаѓаат кај мене!“ “Точно! “– потврдил муштеријата. “Токму така!“

Како да најдам некој кој може да излезе на крај со мене?>>>

“Бог исто така постои. Лошите работи се случуваат кога луѓето не одат кај него, не бараат помош…Токму затоа има толку болка и страдање во светот.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button