Бодибилдерот Тоше Зафиров со коса и без тетоважи – ќе се изненадите, многумина нема да го препознаат
Не сте го виделе во вакво издание

Ќе се изненадите од овие фотографии
Ова беше посебен ден за познатиот бодибилдер и бизнисмен Тоше Зафиров и за неговата понежна половина Габриела.
Тие навистина се пример за стабилен брак исполнет со многу љубов и разбирање, и тоа повеќе од две и пол децении.
Фејсбук/ Тоше Зафиров
Тоше и Габруела заедно поминале низ многу бури во животот, но и низ најубавите моменти, а бодибилдерот не ретко истакнува дека му е благодарен на Бог што ја запознал својата животна сопатничка, што впрочем го откри и со својата последна порака.
Имено, Зафиров кој во изминативе години има поприлично специфичен имиџ, препознатлив по своето мускулесто тело и голем број тетоважи, овој пат сподели една заедничка фотографија од 2024 година, но и една многу постара, со датум од 1999 година.
Фејсбук/ Тоше Зафиров
Од фотографијата може да видиме како Тоше изгледал со коса, но и кога бил многу помлад и без неговите тетоважи на рацете.
Во ова издание ретко кој би го препознал денес, а ги воодушеви сите и посебно припадничките на понежниот пол и со пораката.
Фејсбук/ Тоше Зафиров
“Дваесет и пет години заедно, исполнети со љубов, разбирање и среќа. Благодарен сум за секој момент што сме го споделиле и со нетрпение очекувам уште многу заеднички спомени. Цврсто фатени за рака пред 25 и после 25 години, напиша Тоше во описот на фотографиите што ги сподели.
Фејсбук/ Тоше Зафиров
Следуваа бројни коментари, а покрај голем број честитки многумина им порачаа дека отсекогаш биле совршен пар.
Познатиот бодибилдер потоа сподели уше една заедничка фотографија со својата сопруга, на која таа беше облечена во поприлично провокативно издание, а тој блескаше од среќа покрај неа.
Фејсбук/ Тоше Зафиров
Како Тоше изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Тоше Зафиров
Фејсбук/ Тоше Зафиров