Оваа фризура е хит во Македонија – им стои добро на сите, а ја обожаваат и најпознатите ИТ девојки
Почетокот на секоја нова сезона е одлично време за промена
Па тука сме да ве потсетиме на еден мал трик со кој ќе направите одлична промена во вашиот изглед. Имено, во прашање се само неколку добри потези со ножичките и ќе можете да се пофалите со тренди фризура која што на почетокот на новата сезона им е омилена и на најпознатите ИТ девојки. Да, во прашање е „боб“ фризурата и нејзината неколку сантиметри подолга „лоб“ варијанта кои и оваа пролетна сезона се истакнаа како најдобар избор. Од Коко Шанел која ги потскрати своите долги темни прамени и го започна трендот со овие шик „боб“ фризури, до девојките од новата ИТ генерација како што е на пример Алекса Чанг, „боб“ фризурите веќе неколку сезони се истакнуваат како најпопуларни и најефективни фризури што им стојат добро на сите.
https://www.instagram.com/p/BgRYNZyBaPK/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BffqMH1gBdV/?utm_source=ig_embed
Па, доколку барате совршено пролетно освежување со кое пријатно ќе ги изненадите сите, погледнете ги и инспирирајте се од овие шик „боб“ фризури на познатите ИТ девојки со кои едноставно не можете да погрешите.