Коса

Шишките и несредениот кок се минато – ова е новата фризура која е хит во Македонија

Advertisement

Приказната што се крие зад омилената фризура на нашите девојки

Advertisement

Кога легендарниот Видал Сасун ја скрати долгата коса на актерката Ненси Кван во кратка боб фризура во 1963 година, легендарниот рез со брзина на светлината се најде и на страните на Вог, а жените од целиот свет почнаа поинаку да гледаат на кратките фризури. Оваа фризура сега веќе со децении е задолжителна на „менијата“ во секој фризерски салон, а пред две години го доживува својот голем камбек и станува вистински хит. Но гореспоменатиот пример секако дека не беше прв ни последен кога оваа фризура подигна прашина во медиумите. Тоа се случи и во 20-тите години од минатиот век кога популарната актерка Луиза Брукс за прв пат ја популаризираше оваа фризура која тогаш беше симбол на бунтот, но и на слободниот дух. Неколку децении подоцна овој тренд го фураше и Џеки Кенеди, а подоцна и многу други познати девојки со кои се појавија и бројни варијанти како на пример малку подолгата варијанта „Long bob“ или само „lob“ како денес популарно ја нарекуваат оваа фризура. Трендот го препознаа многу дами кои сакаа промени, па својата долга коса ја заменија со фризура која со себе носи и по малку од бунтовничкиот дух на момчињата, од нивната дрскост и шарм.

Што се однесува до историјата на боб фризурите, таа досега дури до древниот Египет, кога ја носеле Клеопатра, а денес ја симболизира и женската невиност, и модерниот шик изглед па затоа и е една од омилените на многу дами кои сакаат да направат драстична промена. Низ историјата многу силни жени ја носеле истата фризура, а меѓу нив и Јованка Орлеанка која боб фризура носела поради практичноста за во војните походи. Токму таа и беше инспирација за оживување на оваа фризура на почетокот на 20 век кога францускиот фризер со полско потекло Антонијо Кирпликовски, во 1909 година, истата година кога е направена на беатификацијата на Јованка Орлеанка, во својот салон почнал да ги креира овие фризури напоменувајќи дека токму споменатата хероина му била главна инспирација. Требаше да поминат цели пет века за жените конечно да се осмелат и да ја скратат својата долга коса која отсекогаш биле симбол на женственоста и да се одлучат за нешто потполно различно и шик. Колку боб фризурите биле популарни на почетокот на 20 век во Франција зборува и фактот што во Франција се викаат coupe a la Jeanne D’Arc, односно фризурата на Јованка Орлеанка.

Advertisement

Истата година модистите во Париз ги креираа и популарните „cloche“ шешири кои најдобро стоеја со боб фризура, па и другите фризери почнаа да се прилагодуваат на новиот тренд и да ги потстрижуваат своите клиентки со оваа интересна „машка“ фризура.

Па, доколку се уште не сте попуштиле пред еден од најголемите трендови кога се во прашање фризурите и се уште не сте направиле типична боб фризура, можеби денешните предлози ќе ви помогнат да го промените мислењето и ќе ве натераат да направите стилска промена со која во истиот момент ќе го освежите вашиот целосен изглед.

Без разлика дали ќе изберете сосема ремен боб како оној на Џенифер Лоренс и Џордан Дан, или пак оној со нежните бранови кои можевме да ги видиме кај Ема Стоун и прекрасната Сиена Милер, со оваа фризура секогаш ќе изгледате лежерно и елегантно, романтично и женствено, но истовремено и модерно, провокативно и неодоливо. Секако дека на овој тренд не можеа да му одолеат ни Македонките, па на оваа листа им се придружија бројни наши дами од кои посебно ни се допаѓа фризурата на обвинителката Ленче Ристоска. Поразговаравме со неколку фризери и тие ни кажаа дека се воодушевени од нејзиниот боб, па нема воопшто да се чудиме ако истата наскоро стане и најпопуларната фризура во Македонија. И тоа токму благодарение на обвинителката која важи за вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.

Па погледнете ги видеото каде убаво се гледа прекрасната фризура на Ленче, но и фотографиите на кои ќе видите различни варијанти на оваа шик фризура.

{youtube}rMyyw03bFYk{/youtube}

Наоми Ватс

Џордан Дан

Ким Кардашијан

Кејт Босворт

Розамунд Пајк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button