После претставувањето на BMW X4 и шпекулациите за можниот развој на моделот Х2, по медиумите специјализирани за автомобили се повеќе внимание му се посветува на моделот Х7, кој би требало да го заземе местото на врвот на возила од SUV категоријата.
Иако за ова се уште нема официјална потврда од страна на баварскиот производител, Аутомотив њуз дознава дека идниот најголем SUV модел на оваа компанија ќе биде лансиран на пазарот 2017 или 2018 година и дека истиот ќе се произведува во САД, во фабриката во Спартанбург.
Во погоните на таа фабрика веќе се изработуваат моделите X3, X4, X5 и X6, а со оглед на тоа дека северноамериканскиот пазар ќе биде примарен за пласман на моделот Х7, оваа фабрика претставува сосема логичен избор за место за производство на најголемото SUV возило на BMW. Се очекува годишното производство да достигне 50 000 автомобили и дека вкупниот капацитет на фабриката поради ова ќе биде зголемен на 400 000 возила.
А кога ќе се земе в предвид дека најавите на BMW се дека бројот на своите платформи во иднина ќе ги сведе на само две, Х7 ќе биде поставен на поголемата од нив и истата ќе ја делат со другите големи модели на германскиот производител, како што се следната генерација од серијата 5 и 7, како и BMW Х5 и Х6.
Кога ќе пристигне на пазарот, BMW Х7 ќе му биде главен ривал на Mercedes GL, а во САД и на моделите како што се Lincoln Navigator и Cadillac Escalade.
Како што пишуваат од Аутомотив њуз, наскоро би требало да бидат објавени првите детали за моделот Х7.