Реклама
Престиж

BMW Concept Coupe – Mille Miglia

Реклама

Ретроманијата го продолжува својот поход по автоиндустријата и ни ги нуди овие илјада милји најчисто задоволство!

Маркетинг

Концептот на баварскиот производител на коли од 2006г. ги имаше маѓепсано домашните љубители на плаво – белиот пропелер, а ние сега ќе се потсетиме како тоа изгледаше…

Вистинските познавачи со сигурност ќе ја симнат возачката шоферска капичка од заштитните очила длабоко до подот. BMW Millе Miglia е изработен по платформа на последниот (тогаш) Z4 coupe, а беше направен вп чест на BMW 328, тркачката машинерија која во 1940г. победила на Millе Miglia, во тоа време најпознатата трка за издржливост. Илјада милји пат од Brescia до Roma и назад се возеле по прашливите патишта, луди планински превои и прекрасни автопатишта. На победата од 1940, BMW можел да се заблагодари токму на супериорноста на моторот, во комбинација со неверојатното возење на Huschke von Hanstein и Walter Baumer кои одбележале рекордна просечна брзина од 166 km/h.

Маркетинг

alt

Но, толку за минатото, пред нас веќе 6 години стои иднината. Еден дел од новиот болид на Millе Miglia е изработен со класичен технолошки пристап, со употреба на голема количина рачна изработка и ковање на многу шајки! Модерната технологија е заслужна за сé останато – алуминиумската каросерија, целата механика, ултраспортската шасија и 343 КС силен мотор, пригодно позајмен од моделот Z4 М.

altЗа намалување на масата користени се ефтини материјали како карбон и hi-tech композити, а внатрешноста е преслечена во најфина кожа. Автомобилов нема врата, туку за време на влагувањето во него се подига целиот покрив на кабината и начелно на гепекот, додека огромен респект предизвикуваат оргомните 20 колни тркала. Но, на жалост Millе Miglia никогаш не влезе ниту пак ќе влезе во сериско производство, па не надевајте се дека некој во неа ќе ве качи на автостоп. 
  

alt  

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button