Широките романтични ракави се нешто на кое многу девојки кои ги следат трендовите нема да можат да им одолеат оваа пролет.
Од голи раменици зачинети со карнери, се до гломазни широки ракави, блузите оваа сезона доживеаја вистинска ренесанса кога е нивниот дизајн и крој во прашање. Сепак, од многуте форми, доколку сакате да бидете во центарот на вниманието тогаш изберете блуза со ѕвонести ракави кои се апсолутен хит за оваа сезона.
Тие им се омилени на популарните светски блогерки, а една од ни е и Џеми Чунг која ни покажа совршена пролетна комбинација со оваа блуза. Таа нејзината долга туника со рамен крој и огромни ѕвонести ракави ја носеше во комбинација со кратко здолниште со интересен дезен во кои изгледа фантастично!
Овие блузи со гломазни волуменизирани ракави можете да ги носите и со фармерки или кожени панталони, а тоа дека се во тренд за оваа пролет покажува и фактот дека се почесто можеме да ги видиме како детаљ и на фустаните.
види повеќе » |