Damon Albarn и компанија чекорат по стапките на музичари како Paul McCartney, Oasis и Queen.
На 21 февруари 2012, во Лондон, на бендот Blur ќе му биде доделена наградата за „Исклучителен допринос во музиката“. Damon Albarn ја отпоздрави оваа одлука со коментар дека наградава е „признание за сé што досега има направено овој бенд и сите потешкотии низ кои прошол“. Гитаристот Graham Coxon додава: „Да се биде во бендов волку долго е некоја врста патување низ времето.“
Досегашни добитници на оваа награда се ривали од Brit-pop ерата: Oasis, Paul McCartney, The Who, U2 и Queen.
Blur планираат да почнат со настапи наредната година, но тоа најверојатно ќе го направат низ Америка.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.