За време на вашиот прв разговор, бидете директни кон нејзиниот интелект, но истовремено бидете и малку дистанцирани и мистериозни кога зборувате за себе. Големи се шансите дека таа го прави истото и со вас. Понудете ѝ од себе онолку колку што таа ви нуди вас, скријте го тоа што и таа го крие. Таа обожава да игра „брканица“ или „жмурка“ со нејзините потенцијални додворувачи. Таа ќе си игра со вас онолку време колку што ѝ е потребно да открие дали навистина сте за неа. За да ја заинтересирате уште повеќе, направете ја вашата мистерија интересна и достапна. Неа ѝ е потребно да посака да ве запознае. Натерајте ја на тоа и веднаш ќе го добиете посакуваниот состанок.
Вашиот состанок не мора да биде претходно испланиран. Секако договорете се за време, но за местото може да се одлучи и непосредно пред состанокот. Како ви изгледа денот? Ако времето е добро одведете ја прво на прошетка низ паркот, а потоа направете планови за вечера. Ако времето е лошо, предложете ѝ филм и пица во домашна атмосфера. Бидејќи таа има импулсивен карактер, ќе ве цени доколку и вие сте такви, па ваквите ненадејни изненадувања од ваша страна, ќе направат да се чувствува сфатено. Исто така на овој состанок најдете повеќе начини да ѝ дадете комплименти. Жената-близнак обожава кога им се дава признание за малите нешта. Карактеристично интелигентните жени како неа, како и бикот и овенот пред неа, треба да бидат постојано потсетувани колку навистина се супер. Тие се презафатени со размислување и извршување на нивните планови, што немаат време да ги ценат своите способности.
Бикот се плаши од сиромаштија, а Девицата од неред – какви стравови имате според хороскопот>>>
Многумина велат дека жената-близнак не е верна. Всушност таа ќе биде верна сè додека нејзиниот партнер ги следи нејзините променливи интереси. Како едни од најфлексибилните и најсексуалните знаци во астрологијата, трпеливоста и промисленото заведување на жена-близнак, на крај целосно ќе ви исплати. Покрај вас ќе имате жена која е слободна и која се грижи. Таа секогаш брзо знае да направи шега од лоша ситуација, но подоцна знае и како да ја поправи. Оваа жена е фасцинантна и располага со разновидно знаење. Таа е едноставна како дождот, но истовремено и комплицирана како лавиринт. Таа ќе ви го „раздрма“ животот на позитивно, а вашиот дел под појасот никогаш нема да биде мирен во нејзина близина. Жената-близнак ќе ви го направи животот многу интересен и по некое време ќе почнете да се чудите како сте се снаоѓале пред неа. И ако успеете да ја следите, таа ќе ве однесе на неверојатна авантура.