Главни карактеристики на Близнаците се нивната брзина, спонтаност и способност за комуникација. Лесно се прилагодуваат и секогаш сакаат да научат нешто ново.
Ова се луѓе кои ги одржуваат контактите со другите, секогаш се во тек со новостите и први се кога треба нешто да се најави. Близнаците секогаш имаат одговор на прашањата кој, каде, кога, што, како, со кого и зошто. Близнаците лесно создаваат нови познанства и не им е страв да понудат помош. Одлично им одат странските јазици и сакаат да научат многу. За нив никогаш не е доста од знаење и вештини. Тешко им е да го задржат вниманието на едно нешто, па неопходно е постојано да бидат зафатени. Лесно ќе ги препознаете по широката насмевка, лесниот од и дупчињата на образите или брадата.
Жените Близнаци секогаш ги средуваат ноктите и најчесто ги лакираат со светли бои. Кога станува збор за шминката, исто така сакаат светли нијанси. Мажите се секогаш во тренди облека и притоа одлично ги комбинираат спортскиот и формалниот стил. Ги сакаат боите и вешто си играат со нив. И двата пола сакаат модни додатоци. Близнаците се подвижни и витални, па долго го задржуваат младешкиот изглед. Сакаат да работат навечер и да спијат наредниот ден до подоцна. Имаат многу енергија, па пожелно е да се занимаваат и со некој спорт. Нивниот дух е ведар, а карактерот им е нестабилен. Имаат детска душа дури и на 70 години.