Никогаш не знаете со која страна од Близнаците може да си имате работа. Тие се неодлучни, трпеливи, но и забавни. Близнаците не се комплицирани во повеќе аспекти, па тие животот го сфаќаат како една луда забава.
Вистина е дека Близнаците лесно ќе се прилагодат на секоја ситуација, но мора да бидете сигурни дека моментите се забавни, а не монотони, досадни и застрашувачки.
Нивното типично излегување во петок навечер со состои од излегување на вечера во најновиот ресторан во градот, при што потоа ќе заврши во егзотичен клуб полн со „чудни“ луѓе какви што не запознал никогаш во животот!
Не можете да го предвидите нивното расположение, но во едно можете да бидете сигурни – тие се забавни авантуристи кои во никој случај нема да ве остават да имате досадна ноќ!