Месецот мај, еден од најубавите месеци во годината, веќе ни пристигна, а ние со нетрпение очекуваме да видиме што ќе ни донесе. Во продолжение дознајте што ги очекува Близнаците кога станува збор за областа на работата.
Драги Близнаци, во месец мај вие ќе бидете мотивирани да ги разработувате своите идеи кои ги имате во врска со започнување нова работа или нови работни задачи, а кои ќе имаат за цел да ви донесат предност над конкуиренцијата и напредок во кариерата.
Овој месец посебно ќе бидете во можност да остварите успех на полето на консалтингот. Сепак, внимавајте како се претставувате себеси, зашто можно е да наидете на недоразбирање со вашите соработници. Исто така бидете внимателно и со финансиите. Нема да бидете во финансиска криза, но важно е да знаете како правилно да управувате со парите. На 11 мај Меркур ќе влезе во вашиот знак и ќе ве направи повешти подобро организирани во секој домен каде што ќе треба да ги покажете своите спосообности.
Овој месец ќе бидете приморани доста време и напор да вложите во соработка и деловни односи, со цел да можете да функционирате оптимално. Во третата декада на мај, Сонцето ќе влезе во вашиот нзак и ќе дојде до изразување вашиот авторитет и раководни способности. Ќе морате да се прилагодите на околностите.
Невработените Близнаци ќе бидат во можност да покренат свој сопствен бизнис и тоа нешто што најчесто ќе можат да го рабоат од дома. Ова може да биде и хонорарна работа.