Прочитајте неколку профи совети и заблескајте како Џиџи…
Го обожаваме прекрасниот тен на Џиџи Хадид па ги ископавме советите на нејзиниот шминкер Патрик Та. Со неговите трикови и неколку производи можете да постигнете тен а ла Џиџи, а можеби и подобар!
Правете пилинг
Иако тоа веќе го знаете, не е лошо да повториме. Правете пилинг и кожата на вашето лице редовно ќе изгледа блескаво и глатко. Според Патрик Та ова е една од најголемите тајни на познатата манекенка. Таа со редовен пилинг го постигнува својот беспрекорен тен, ги отстранува сувите делови од кожата и открива свежина.
Започнете со прајмер
Според овој визажист нанесувањето прајмер е клучен чекор до блескав тен и постигнување на сјај. Тој го користи Maybelline Baby Instant Pore Eraser и препорачува откако ќе ја нанесете таквата формула која ги собира порите да нанесете ББ крема за свеж природен изглед.
Strobing
Се прашувате што е „стробинг“?
Па можеме да кажеме дека тоа е совршен тен кој доаѓа во шишенце. Ако сакате малку повеќе покривање од ББ крема. Та предлага да нанесете крем за „strobeing“ пред течната пудра (по можност некоја што нема мат ефект)
Позлатете
Та го обожава течниот илуминатор од Армани, но го користи исклучиво во минимални количини – на лицето на Џиџи става само една капка за да заблеска со златен сјај.