Блескаше како Ајфеловата кула, сите гледаа во овој детаљ – Гавазова си грми, од ден во ден е сé поубава
Овие фустани се добро чувана тајна на светската елита, а нивната моќ ја знаат и нашите ѕвезди
Пејачката се појави во фустан што предизвика внимание кај сите
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова на снимањето на една емисија се појави во металик издание за кое сите зборуваат.
Имено, пејачката ги воодушеви сите и тоа не само со песните што ги пееше туку и со своето брутално издание.
Гавазова за оваа пригода избра сребрен фустан кој ја следи линијата на нејзиното беспрекорно тело и ги истакна нејзините атрибути.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Во прашање е долг фустан кој во горниот дел е потполно залепен за телото, а во кој една од најпосакуваните фолк-пејачки блескаше како грчките божици, привлекувајќи внимание од глава до пети.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова фустанот го носеше со шик сандали, а косата и беше стилизирана со мокар ефект што додаде дополнителен гламур на целото издание, како и впечатливата шминка и накит.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Инаку, металик креациите често им се омилен избор на бројни познати пејачки бидејќи тие изгледаат фантастично на сцената.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Ваквите фустани ги обожаваат и најголемите ѕвезди како Бијонсе, Кајли Минок и Тејлор Свифт, а омилени им се и на најголемите балкански диви како Јелена Карлеуша, Северина, Јелена Розга и многу други.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тие се одличен избор и за црвениот килим, така што редовно ги гледаме и на доделувањето на Оскарите, а неколку интересни идеи како да ги носите овие сребрени модели, погледнете во галеријата на крајот од овој текст што нашите уредници ја подготвија специјално за вас…
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И не заборавајте, сезоната на предновогодишни журки е пред нас, па искористете ја приликата да заблескате во овие свечени пригоди.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И без разлика за која боја на металик отсјај ќе одлучите, бидете сигурни дека со вакви креации ќе оставите моќен впечаток, а доколку не сакате премногу да експериментирате, изберете некоја од неодоливите сребрени нијанси како што тоа го направи и Гавазова.