Реклама
Холивуд

Блејк Лавли во издание што деновиве е вистински хит и меѓу познатите Македонки

Реклама

Блејк Лавли на важен настан се појави во тренерки

Познатата актерка на еден моден настан во Њујорк се појави во тренерки, но не онакви какви што се изнагледавме во изминатиов период и кои станаа хит дури и меѓу ѕвездите во Македонија. Имено, наместо модел со спортски странични линии кои најчесто познатите девојките ги носат со интересна маица и со високи потпетици (да, да, добро прочитавте, а тоа можете да го видите и од нашата позната пејачка која носи ваква комбинација) Блејк се појави во кадифено издание од глава до пети, во кафеава нијанса и со качулка.

Маркетинг

 

Маркетинг

Но дефинитивно никој не може да и замери на ваквиот моден избор на познатата актерка, и тоа не само затоа што станува збор за дама која важи за една од најголемите модни икони на денешницата. Имено Блејк тренерките ги „фураше“ самоуверено, во комбинација со високи потпетици кои исто така одлично се вклопија во ова издание, а меѓу другото и фризурата зачинета со „smokey eye“ шминка допринесоа да изгледа шик и гламурозно.

Што мислите за ова нејзино издание и дали некогаш би носеле тренерки во комбинација со високи потпетици?

Погледнете ги и останатите нејзини изданија …

Па, дали ви се допаѓа стилот на Блејк?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button