Огласи
Вести

Благојчо повторно се огласи, им постави прашање на политичарите: „На кој погреб да одам попрво?“

„На кој погреб да одам попрво?“, ги прашува ова лице скршено од болка министерот и политичарите

advertisement
advert

„Пола фамилија ми ја иселивте, пола вашиот систем ја уби“, вели Благојчо на Фејсбук чие видео вчера по несреќата беше вирално на социјалните мрежи

На ова лице во пожарот во шталата, како што тој ја вика дискотеката, на која некој и дава дозвола, загинал братучед му спасувајќи други, потоа неговата внука, и комшивчето кое што живеело веднаш до него.

Ова лице сега ги прашува министерот, но и сите политичари:

На кој погреб попрво да одам?, прашува тој додавајќи дека коруптивниот систем на владеење ни го зима најскапиот данок:

реклама

„Данок во крв, данок во деца“, вели тој.

Принтскрин/ Фејсбук, Благојцо Брлог Ѓоргиев

Погледнете го видеото во продолжение…

Марpкетинг

Претставниците на системот го обвинија системот?!

Потсетуваме, по несреќата во која од пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица полицијата осомничи 23 лица. Од овие 23 лица, 11 се во притвор, а според една од изјавите на министерот Панче Тошковски, највиновен е корумпираниот систем(!).

И како што самиот министер во текот на денот на прес-конференцијата изјави, тие констатирале дека системот во Македонија е до толку корумпиран што може да се каже дека имаме катастрофална ситуација во поглед на постапувањата на огромен број институции кои по закон морале да ја следат работата на дискотеката. Посебно во смисла на заштита од евентуален пожар, за заради што ќе бидат приведени поголем број на лица од најразлични институции, изјави денес министерот Панче Тошковски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button