Реклама
Препораки

Благојче од Скопје посети едно место во Македонија и се изненади од цените – ова не го очекуваше

Еве колку платил за едно кафе и телешка чорба...

Реклама

Почитувани, во рубриката Препораки на Гламур магазин сакаме да издвоиме производи за кои сметаме дека би ве интересирале, но и за кои сме убедени дека се квалитетни или веќе и ние самите ги користиме. Ова исто така важи и за акции, попусти, но и препораки за одредени ресторани, кафулиња, хотели, па и културни настани за кои сметаме дека се интересни за читателите на нашиот портал. Некои производи во оваа рубрика можат да бидат спонзорирани…

Некои ресторани во Скопје со цените навистина претераа, коментираат многу често корисниците на социјалните мрежи, посебно по поскапувањата што ни се случуваат во последно време.

Па така за оние што сакаат да излезат на ручек или вечера со семејството навистина е предизвик да го пронајдат вистинскиот ресторан во кој паричникот нема да им настрада како овен за Курбан бајрам.

Но затоа во другите градови од Македонија, па дури и во тамошните елитни ресторани, цените се сé уште „нормални“.

Маркетинг

Ова всушност го заклучи еден наш корисник на социјалните мрежи, кој инспириран од еден наш текст во рубриката Препораки (види тука), ни препорача еден ресторан во Кавадарци во кој цените се уште се речиси исти како и пред поскапувањата, а јадењето – вкусно и квалитетно, па дури и подобро од многу „скапи“ ресторани во Скопје.

Маркетинг
Фејсбук/ Ресторан Моклиште

„Поздрав од Кавадарци, од едно од најубавите места во нашата Македонија, местото што го обожавал и богот Дионис и кое често го посетувал“, ни напиша овој наш читател кој во понатамошниот текст ќе го викаме Благојче. Неговото име нема да го откриеме, бидејќи сакаше да остане анонимен, а тоа на крајот на денот и не е ни важно, бидејќи поентата ни е нешто сосем друго, нели?

Фејсбук/ Ресторан Моклиште

Имено, Благој ни испрати фотографија од менито во ресторанот кој важи за еден од најубавите во овој град.

Станува збор за ресторанот Моклиште кој е оддалечен на 5 километри од градот, па за да дојдете до него треба да поминете низ познатото село Ваташа. Ресторанот се наоѓа во еден прекрасен дел од Тиквешкиот регион и важи за еден од најтоплите, но и најсовремените ресторани како во Тиквешијата, така и во цела Македонија, со се Пиринска и Егејска. А ако додадеме и какви вина може да се пробаат на ова место, тогаш би можело да биде и најубавото на целиот Балкан!

Приватна архива

Значи повторуваме, станува збор за ексклузивен ресторан каде има и мотел и се наоѓа во волшебно опкружување во близина на река и паркови за шетање, со отворена кујна од која проникнува традиционалната македонска храна сервирана на модерен начин, и сето тоа со пристојни цени.

Покрај нашите нашите јадења ресторанот нуди и интернационална храна, а цените погледнете ги во продолжение…

Приватна архива

Специјалитетите на скара од 20 до 320 денари

На менито може да се најде скара по цена од 20 денари за еден ќебап, па се до 320 денари за плескавица Моклиште од 350 грама (бургер).

Свинската вешалица е 190 денари, а исто толку пари ќе платите и за свинското ребро додека обична плескавица е 180 денари.

Приватна архива

Постојат и специјалитети од месо како пилешко во кари како и пилешко месо на кинески начин или печени ребра во сос.

Приватна архива

Свежи цеден сок 120 денари, турско кафе 60 денари

И додека свежо цеден сок од портокал и лимон е 120 денари, турското кафе, но и еспресото и макијатото се 60 денари (големото макијато 70), додека нес кафето 70, а капучиното 80 денари.

Приватна архива

Пастрмка 350 денари, хамбургер 190 денари

Приватна архива

Самото место, но и цените им се допаѓаат на многумина што може да се види и по коментарите за ова место на социјалните мрежи, а како за споредба ѕирнете ги цените на некои производи од еден од најпознатите ресторани во Скопје (името на ресторанот не е важно), кој воедно и не е меѓу најскапите.

Па така во овој познат скопрски ресторан што случајно го избравме, телешката чорба со лепче чини 220 денари, Цезар салатата 340 денари, па ако на овие цени го додадеме и кафето како и една кисела вода, ќе дојдеме до сума од 800-на денари за овие неколку производи за разлика од онаа што ја има на сметката што ни ја испрати Благојчо.

Приватна архива

Благојче порачал чорба, Цезар салата, Макијато и кисела вода и платил 520 денари!

Имено, тој за истите овие производи во овој ресторан во Кавадарци платил само 520 денари, што е значително помалку.

Е сега има и такви кои сметаат дека и овие цени не се евтини, па затоа сакаме да го слушнеме и вашето мислење во коментарите…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button