Благоја и пред пензија е омилен фолк-пејач кај жените – и колешките го обожаваат, ова е неговата тајна
Еве и колку години има миленикот на нашите дами

Наскоро ќе оди во пензија…
И додека некои не сакаат да зборуваат за годините, нашиот познат фолк-пејач секогаш гордо ги истакнувал.
Станува збор за Благоја Грујовски, пејачот кого многумина го нарекуваат и македонскиот Доријан Греј и кој и во седмата деценија од животот изгледа минимум дваесетина години помладо, така што се уште важи за миленик на многу жени.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Благоја неодамна го прослави својот 63 роденден, така што следната година ќе стекне услови за старосна пензија.
Покрај музика, Благоја долги години работеше и како водител и новинар, така што кога ќе наполни 64 години ќе ги има исполнето законските норми за пензионирање.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
И за разлика од многу негови колеги и колешки, Благоја никогаш не ги криел годините, туку секогаш гордо ги истакнувал.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тој за свои години се држи одлично и се уште важи за харизматичен пејач и миленик на дамите, а важи и за омилен меѓу колегите.
Ова секако се однесува и за колешките, а во една пригода откри како реагира неговата сопруга Ирена на неговите пријателства со познатите пејачки, односно дали е љубоморна што постојано е опкружен со убави жени и дали има разбирање за неговата професија.
Принтскрин/ Јутуб
„Јас сум опкружен со жени постојано и тие се од мојот многу близок, близок круг, тоа се жени мои колешки од естрадата, со нив егзистирам, со нив работам со нив живееме, тоа се мои сестри, и Ирена повеќето ги познава“, изјави Благоја, па откри и на што се должи неговиот младешки изглед и како изгледа неговиот животен стил.
„Не можам да кажам точно на што се должи, многу луѓе ми го кажуваат тоа дека не се менувам, но јас знам дека се менувам гледајќи слики од пред 20 години гледам дека се менувам, но можеби кај мене тој процес оди бавно. Немам некој посебен рецепт, живеам умерено не се лишувам од ништо, сакам да се напијам понекогаш една, две, три чашки, сакам и да запалам и некоја цигара но не сум, ни пушач ни пијач. Можам да не пијам и можам да не пушам не сум зависен од ништо“, изјави Благоја во една пригода за Гламур магазин.
Целото интервју со Благоја прочитајте го тука >>