Реклама
Наши ѕвезди

Благоја Грујовски има завршено тежок факултет – ова малкумина го знаат, но за него беше пресудно

Пејачот во една пригода за Гламуроткри дека долго време се кршел помеѓу овие две професии и дека одлуката што требало да ја донесе воопшто не била лесна

Реклама

Благоја Грујовски важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, а малкумина знаат дека има завршено тежок факултет.

Имено, Грујовски покрај тоа што веќе цели три децении успешно опстојува на нашата музичка сцена, тој долго време работеше и на професијата за која а факултетски образуван.

Малкумина знаат дека тој всушност има завршено Факултет за новинарство, иако неговиот татко сакал да биде музичар, а не новинар.

Маркетинг

Благоја својата новинарска кариера ја започна како водител во Радио Скопје и тоа на музичка емисија, а до скоро беше и еден од омилените водители во популарната емисија Везилка.

Маркетинг
Фејсбук/ Благоја Грујовски

Но тој пред неколку месеци реши да и се оддаде само на музиката, а на негово место дојде Спасен Сиљаноски.

Потсетуваме, Благоја Грујовски важи за еден од нашите најхаризматични пејачи, а заради својот младешки изглед многумина велат како времето да застанало за него.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Неговиот прв забележителен настап му беше со групата Мераклии на фестивалот Цветници кога настапи со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш преку ноќ има стана миленик на публиката.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Што се однесува до неговата професија како новинар, Благоја во една пригода за Гламур се потсети на неговите денови во радиото.

„Одлуката не беше лесна јас долго време се кршев меѓу тие две професии кои бараат многу од тој што се занимава со тоа. Ако си новинар треба да бидеш само тоа. Ако си пеач треба да си само пеач. Нема компромиси. И после 15 години јас решив да се посветам само на музика, а на новинарството му кажав збогум. Сите тие години како новинар ги поминав во информативната програма на македонското радио. Знам што значи тоа, колку е тешко и напорно и неблагодарно“ изјави Грујовски.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

„Но не ми е жал што ги поминав таму тие пет шеснаесет години, затоа што доста научив, научив што значи да се биде професионалец, одговорен кога треба кога е најгусто. Кога е трка со времето, трка со минути, со секунди. Радиото е стресна работа, посебно информативното новинарство“, откри тогаш Грујовски.

Целото интервју со Благоја прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button