Благица се појави во проѕирно и им го украде шоуто на колешките – не сте ја виделе во вакво издание
Еве зошто по Нова година сите ќе зборуваат за Благица Павловска и нејзиното празнично издание

Благица Павловска беше една од најубавите и најзгодните пејачки на нашата естрада, посебно на почетокот од кариерата.
Таа отсекогаш важела и за мошне провокативна дама, а овие свои каприци оваа жена и денес ги поседува.
Нејзините најпознати песни „Цело Скопје“, „Пат до Стамбол град“, „Добро утро Македонијо“, како и многу други и денес се големи хитови, а Благица на секој свој настап привлекуваше внимание и со своите екстравагантни и провокативни модни комбинации.

Инстаграм/ Благица Павловска
Впрочем Благица е истата и денес, за што сведочи и снимката што овие денови ги преплави социјалните мрежи.
Станува збор за новогодишната забава снимена во Сител која ќе се емитува во најлудата ноќ во годината, а на која Благица го украде шоуто.

Инстаграм/ Благица Павловска
Покрај неа на снимката се гледаат и Сузана Гавазова и Даниела Темелковска, но во фокусот беше креацијата на Благица.

Инстаграм/ Благица Павловска
Таа носеше црн фустан со проѕирен горен дел, така што на пејачката целосно и се гледаше градникот што го носеше.

Инстаграм/ Благица Павловска
Потсетуваме, Благица пред само неколку дена го прослави својот 67 роденден, кога доби бројни честитки од своите обожаватели.

Инстаграм/ Благица Павловска
И токму заради годините многумина и се изненадени од ова издание, но оние што ја познаваат, знаат дека таа отсекогаш била таква – крајно екстравагантна кога е нејзиниот стил во прашање.
Како Благица изгледала во своите најубави денови, потсетете се тука.



