Благица Павловска во реклама за влошки?! Хаос реклама кружи на интернет, пејачката се огласи веднаш
Пејачката вели дека видеото е монтирано, но прашањето е кој ги прави овие банални реклами и со која цел?!

Благица беше изненадена кога прв пат ја виде снимката
Веќе неколку години наназад многу наши познати личности се најдоа во непријатна ситуација и беа жртви на измама.
Станува збор за лажни реклами во кои тие, наводно, фалат одредени производи, за најразлична намена.
Фејсбук/ Благица Павловска
Па така неодамна жртва на ваква измама беше пејачката Андријана Јаневска, кога се појави реклама во која таа рекламира крема за брчки. Во слична ситуација се најдоа Игор Џамбазов и Калиопи, а некои од овие реклами беа крајно морбидни и ширеа лажни вести.
Со овој проблем во современата медиумска култура се соочуваат и бројни светски ѕвезди, а кај нас овие денови со ваква измама се соочи и нашата позната фолк-пејачка Благица Павловска.
Фејсбук/ Благица Павловска
Имено, на социјалните мрежи се појави реклама во која наводно Благица рекламира влошки, па пејачката веднаш реагираше и истата ја сподели напоменувајќи дека станува збор за измама.
Во рекламата од која и самата пејачка беше запрепастена, споделено е и видео кое е направено со помош на вештачка интелигенција, но кое изгледа поприлично реалистично, со ликот на Благица.
Како сето тоа изгледаше, погледнете тука >>
Принтскрин/ Инстаграм
Цеца во реклама за слабеење?!
Потсетуваме, во слична ситуација пред неколку години се имаат најдено и познатите пејачки Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена кои исто така беа изненадени кога се појавија овие реклами.
И тие веднаш реагираа, а Цеца за медиумите откри дека е приморана да ја тужи фирмата која рекламира препарат за слабеење со нејзиниот лик.
Но процедурата да се пронајдат виновниците, па дури и само да се тргнат овие снимки воопшто не е лесна, бидејќи овие лажни интервјуа и снимки се наоѓаат во други земји, така што борбата со оваа злоупотреба на интернетот навистина е комплицирана.
Погледнете ги и коментарите што ги пишуваат корисниците на социјалните мрежи во кои ѝ даваат поддршка на Благица и го осудуваат ваквиот маркетиншки трик на овие измамнички компании што ги има на интернет.