Ако сакате да ги израдувате вашите деца (и да ги убедите да каснат нешто оние кои не се многу по јадењето) ви предлагаме да направите интересен благ леб во форма на мече.
Рецептата е лесна и едноставна, а вашите деца ќе бидат воодушевени!
Многу родители се забавуваат со нивните деца заедно готвејќи, посебно ако станува збор за храна која им изгледа интересно на децата. Оваа рецепта ја најдовме на блогот Sweethappylife и ви предлагаме да ја направите заедно со вашите деца и да се забавувате, или пак, направете ја сами па изненадете ги со вкусното благо мече!
Потребни состојки:
· ½ лажица сув квасец
· Шолја (250 мл) топло млеко
· 4 лажици шеќер
· Лажичка сол
· 2 јајца плус едно за премачкување
· ½ лажичка екстракт од ванила
· 4 лажици маслиново масло
· 1 лажица мед
· 4 – 4 ½ шолји брашно
Подготовка
Во еден поголем сад измешајте го млекото и квасецот, па оставете да отстои околу пет минути. Потоа додадете шеќер, сол, две јајца, екстракт од ванила, 4 лажици маслиново масло, мед и една шолја брашно, па сé убаво измешајте со миксер или жица за матење за да добиете рамномерна смеса. Потоа во смесата малку по малку додавајте го остатокот од брашното додека не добиете цврсто тесто. Извадете го тестото од садот па месете го на работната маса околу четири минути. Потоа ставете го во подлабок сад кој сте го премачкале со една лажица маслиново масло, прекријте го со пластична фолија и оставете го да стасува на собна температура од 1 ½ до 2 часа. Кога ќе стаса тестото обликувајте го мечето. Со остар нож пресечете го тестото така што ќе добиете една голема топка од која ќе го направите стомакот, друга помала топка која ќе биде главата, потоа четири топчиња двојно помали од топката за главата за шепите и три најмали топчиња за ушите и носот. Наредете ги топките тесто на плех за печење покриен со мрсна хартија така што мечето ќе изгледа како на сликата.