Реклама
Нега и здравје

Еве без кои бјути ритали НЕ може Јелена Розга

Реклама

Јелена Розга важи за една од најубавите и најнегуваните познати жени на поранешните ЈУ простори, а сега ни открива и кои се нејзините основни ритуали за убавина без кои едноставно не може.

Маркетинг

Јелена неодамна изјави дека кога оди на пазар најубаво се чувствува во фармерки и некоја удобна маица или џемпер доколку е зима, и дека не претерува со шминката кога станува збор за обична прошетка низ градот.

„Избегнувам да се шминкам многу бидејќи моите очи се многу осетливи. Не сакам многу пудра“, изјави Јелена и објасни дека додатоците како вештачки трепки ги користи само за на снимање, па многу често ја прашуваат зошто толку многу трепка, но таа едноставно не може да се контролира поради преголемата чувствителност на очите.

Таа откри дека за приватните, секојдневни излегувања и прошетки користи пудра, но не премногу, бидејќи има тенка и чувствителна кожа, а пудрата ја користи како дополнителна заштита во зимските денови. Покрај пудрата таа најчесто сака да стави и малу маскара и нежен сјај за усни.

Маркетинг

Но, колку што не сака да претерува со декоративната козметика, од друга страна пак, таа е многу посветена кога станува збор за нега на лицето.

„Оптоварена сум со негата на лицето, така што кога и да одам во Загреб, а тоа е секоја недела, задолжително одам на третмани. Имав големи проблеми и со помош на соодветни третмани ги решив за една година“, вели пејачката.

Во домашни услови Јелена користи само хидратантни креми и не верува во брендирани производи со баснословни високи цени, а најмногу посветува внимание на негата на кожата пред да оди на спиење.

„Најважно ми е пред спиење да ја исчистам шминката. Тука сум најголема педантерија! Неверојатно, но секогаш сé мора да биде средено и на свое место“ – изјави пејачката и потврди дека тоа е нејзиниот вечерен ритуал без кој не може.

Извор: Стил

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button