Шминка

Девојки, бидете внимателни – Овие бјути навики се штетни за вашето здравје!

Advertisement

Погледнете колку и дали вашата бјути рутина е добра за вашето здравје и решете се еднаш засекогаш од лошите навики.

bjuti1

Advertisement

Погледнете колку вашата бјути рутина е добра за вашето здравје и решете се еднаш засекогаш од лошите навики.

1. Користите стара шминка

Ова е една од најлошите навики и мора веднаш да ја промените. Време е да ја фрлите сета стара шминка која ја чувате во својот несесер, особено онаа која го има променето својот мирис или текстура. Старите шминки може да доведат до развивање на бактерии и тоа ќе се одрази на вашата коса, во вид на акни и нечистотии.

Advertisement

2. Ги грицкате заноктиците

Дали и вие кога имате стресен ден посегнувате по грицкање на заноктиците? Можеби оваа навика ви изгледа не толку важна, но дали сте знаеле дека со тоа можете да доведете до инфекција? Обидете се полека да се одвикнувате од оваа навика, а додека да го постигнете тоа, мијте ги рацете што е можно почесто.

bjuti1

3. Ги надоградувате трепките

Да, сите ќе се согласиме дека долгите трепки се во тренд и дека одлично прилегаат на вашето лице, но сепак, бидете внимателни со нив, затоа што тие може да доведат до состојба на опаѓање на влакната. Затоа, обидете се да правите пауза помеѓу третманите?

4. Посетувате солариум

Сигурно веќе многу пати имате слушнато дека солариумот не е здрав за вашата кожа. Одењето во солариум на некој начин може да се поврзе со болест на зависност. На пример, кога ќе почнете да пушите и тоа ќе ви се допадне, нема да можете да престанете.

Како да го изберете вистинското руменило за вас >>

Исто е и со алкохолот, но и со солариумот. Сите сакаат бронзен тен, особено кога после студените денови ќе се облечете во прекрасни летни фустанчиња и здолништа. Но, внимавајте колку често го посетувате солариумот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button