Бизнисменот од Тетово направи лом, ама не помина – неизвесноста е голема, се уште трае гласањето
Еве за кого може да гласте на Фејсбук...

Не се надеваше дека ќе успее да стигне до тука
Тони Тушев од Тетово кога се пријави во „Никогаш не е доцна“, не се надеваше дека ќе успее да дотурка до четвртиот круг.
Но Тони, кој е сопственик на автосалон, со своите настапи ја воодушеви публиката, па така сега се појави на сцената без трема и страв.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој овој пат имаше поддршка и од македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, која му порача дека обожава да го слуша неговиот глас, но и во шега го праша дали има попуст за неа во неговиот салон за автомобили, можеби за некој Мерцедес, на што тој и одговори:
„За тебе Тијана има двоен попуст“, се пошегува Тони.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој овој пат избра да настапи со песна од Маринко Роквиќ, а сите му порачаа дека одвај чекаат да ја видат неговата изведба.
Потоа Тони во ревијалниот дел настапи и со Нина Јовановиќ, со песна од Дино Мерлин и Ивана Банфиќ.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Голема неизвесност
На крај, жирито имаше навистина тешка одлука да одлучи кој од кандидатите ќе помине директно бидејќи сите беа одлични.
Па така Тања Аврамовиќ и Даниела Јелиќ Шиповац поминаа директно во следниот круг, додека Македонецот Тони Тушев заедно со Драган Тодоровиќ и Италијанецот Матија Заната ќе се борат на Фејсбук.
Гласањето ќе трае до вторник на полноќ, кога ќе дознаеме кои двајца од овие тројца кандидати ќе го продолжат натпреварот.
Па доколку сакате да му дадете поддршка на пејачот од Македонија, тоа може да го направите со вашето гласање тука.