Поради стравот од целулит и за да се одржи во форма, сопругата на Дејвид Бекам почна да го користи бизарниот систем наречен хипокси.
Поранешната „спајсица“ Викторија Бекам вчера наполни 40 години, но и покрај возраста и децата, таа се уште има прекрасно тело. Таа е мајка не четири деца и оди на третмани за убавина, а нејзините пријатели изјавија дека поради страв од целулит таа почнала со бизарниот систем наречен „хипокси“, кој вклучува возење велосипед на направа слична на јајце, а нејзината исхрана се состои исклучително од бела риба и зеленчук, додека за ужина јаде само смрзнато грозје.
„Таа ја користи лентата за трчање и за скокање и танцување по неа, а понекогаш тоа го прави и облечена во високи потпетици, па дури и додека работи на компјутерот“, велат за американските медиуми нејзините пријатели.
Инаку, на интернет деновиве кружи едно роденденско видео кое симболично трае 40 секунди (па таа вчера наполни 40 години!) и во кое е прикажано како модната икона Пош Спајс се менувала во текот на годините.
{youtube}7DbcRSHgGd0{/youtube}
Па, среќен роденден Викторија!