Наши ѕвезди

Бившиот на Тамара си блеска од среќа покрај својата нова сопруга – повторно свадба, прва со Максимче (фото)

Нашата позната спортистка изгледаше неверојатно во ова издание, а се породи пред само три месеци

Advertisement

Ова нејзино издание сите го коментираа…

Нашата позната кошаркарка Едина Муса (33) се омажи со поранешниот сопруг на Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка (44).

Advertisement

И Мачка порано беше кошаркар, а сега со Едина ужива во среќен брак од кој неодамна го добија нивниот прв син, Максим.

Инстаграм/ Едина Муса

Тие во ноември минатата година се заколнаа на вечна љубов и направија голема свадба, а русокосата Едина, која тогаш беше бремена, се породи по неколку месеци, но сега се појави на една свадба и со својот елегантен изглед никого не остави рамнодушен.

Advertisement

Имено, Едина и Мачка овој викенд беа кумови на една свадбена веселба, а како што мама напиша, ова воедно беше и првата свадба заедно, со нејзиниот наследник, од кого мама не се одвојуваше.

Инстаграм/ Едина Муса

Од фотографиите што Едина ги објави на својот профил на Инстаграм може да видиме дека поранешната кошаркарка изгледа прекрасно во црниот фустан што го носеше, но и дека воопшто не ѝ се познава дека се породила и тоа пред само три месеци.

Впрочем таа и за време на бременоста освен големиот труднички стомак, речиси немаше ни грам повеќе вишок, а нејзиниот фит изглед го задржа благодарение на тоа што беше постојано активна и редовно тренираше речиси до последен ден.

Инстаграм/ Едина Муса

Но она што сега исто така и привлече внимание, покрај нејзиното затегнато тело, беше и нејзиното убаво и негувано лице, како и преубавата руса коса, па многумина коментираа дека по бременоста блеска со посебен шарм и изгледа уште поубаво.

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Покрај неа со насмевка позираше и нејзиниот сопруг, а од овие нивни објави повеќе од очигледно е дека уживаат во бракот.

Инстаграм/ Едина Муса

Потсетуваме, Мачка беше седум години во брак со пејачката Тамара Тодевска, а решија да се разделат во 2022 година.

Но и покрај разводот тие останаа во одлични односи, најмногу заради нивните две деца, Хана и Дарен кои живеат со Тамара.

Ова впрочем го потврди во една пригода и самата пејачка, а повеќе за тоа во каков однос се тие денес, откријте тука

Бонус галерија

Инстаграм/ Едина Муса

Како Едина ужива во мајчинството

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

Инстаграм/ Едина Муса

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button