Пред да ја сретне Меган, британскиот принц беше во љубовна врска со Кресида Бонас, атрактивна русокоса со која помина 2 години.
Парот неколку пати се разделуваше, а потоа повторно ќе се помиреше за да на крајот во 2014 конечно стават крај на нивната врска. Кресида во едно интервју призна дека нивната љубив воопшто не била како во бајките, како што можеби се очекувало. „Кога еднаш ќе ве стават во таков калап, од тоа не можете да се решите. Засекогаш сте само девојката на принцот“ изјави убавата русокоса девојка која што гради кариера како актерка, а врската со најпосакуваниот ерген на светот и ја отежна работата тогаш, а богами и сега.
„Некои можности засекогаш ви се укинати. Тоа ме фрустрира. Така ме гледаа и откако раскинавме. Морам да се обидувам двојно повеќе во мојата работа за да докажа дека не сум само поранешна девојка на принцот“ вели Кресида во нејзиното интервју.
Принцот и таа наводно не се во добри односи, поради што на нејзина адреса нема да стигне покана за кралската венчавка, додека една друга негова поранешна девојка, Челси Дави, наводно ќе биде поканета, бидејќи и по разделувањето останале во коректни односи.
Инаку, токму Кресида беше една од главните ѕвезди на доделувањето на БАФТА наградите во Лондон каде блескаше во преубав црн фустан и со одлична шминка и фризура. Таа целата вечер не ја тргаше насмевката од лицето, а мораме да признаеме дека кратката коса и стои одлично, како и бојата која на многу жени ќе им биде инспирација за следното одење на фризер.
Па, браво Кресида!