Наши ѕвездиНовости

Бината почна да гори, паѓаше жар од плафонот врз публиката?! Балканот во шок, се огласи пејачката

Пејачката Сања Вучиќ се огласи, се појави и видео од инцидентот на социјалните мрежи

Advertisement

Можеше да се случи голема трагедија

На вчерашниот концерт на пејачката Сања Вучиќ во Панчево за малку можеше да се случи голема трагедија.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите од соседството, за време на нејзиниот настап се случил инцидент, но заради брзата и правовремена реакција било спречено да дојде поголема трагедија.

Принтскрин/ ТикТок

Инцидентот се случил токму кога пејачката успеала да ја запали атмосферата, кога на бината избувнал пожар.

Advertisement

Пожарот веднаш бил забележан и од голем број на лица кои биле во публиката, а одговорните веднаш реагирале.

Принтскрин/ ТикТок

Како што може да се види и од снимката, еден од рефлекторите на бината се запалил, а огнот брзо почна да се шири.

Принтскрин/ ТикТок

Тоа предизвика паника кај дел од публиката, но пожарникарите со својата брза реакција ја спречија трагедијата, спасувајќи го животот н пејачката, но и на бројната публика што беше дојдена на концертот.

Принтскрин/ ТикТок

За среќа пожарот за брзо време бил ставен под контрола и немаше повредени, пренесуваат српските медиумите.

Принтскрин/ ТикТок

„За среќа сите на време забележаа, пожарникарите реагираа, никој не е повреден и пламенот не се рашири“, изјави пејачката по инцидентот за Курир.рс.

Потсетуваме, еден ден претходно во Панчево настапи и нашата победничка од „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова.

Шармантната струмичанка ја воодушеви публиката со рок песни, а повеќе за овој настан прочитајте тука.

@pusim_puff

#sanjavucic #koncert #danipiva #pancevo #pozar

♬ original sound – korisnik

 

@shrotclip

♬ original sound – Shortclip12

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button