Секој хороскопски знак има своја цел во животот.
И додека одредена цел може да се разликува од една до друга личност, таа се движи по иста линија според хороскопскиот знак. Ако и вие верувате во астрологијата и сте родени во знакот Бик, тогаш продолжете со читање.
Бикот, како земјен знак, тежнее кон стабилност. Затоа, неговата цел во животот е да создаде круг на луѓе кои ќе бидат секогаш до него и на кои ќе може да им верува. Бикот сака дабидео ној на кој секогаш може да се потпрете и да му ги доверите своите тајни, а секогаш ќе биде овде кога ќе ви биде најпотребна помош и поддршка.
Овој знак сака на другите да им го пружи она што им е потребно за да се чувствуваат сигурно, а исто така сака да се погрижи околу тоа неговите блиски да чувствуваат дека секогаш има кој да се грижи за нив.