Биковите секогаш ќе им бидат поддршка на своите партнери, а под нивната ладна надворешност се крие изненадувачка страственост.
За Биковите во љубовната врска најважна е сигурноста и стабилноста. Врската со „питом“ Бик можеби нема да биде највозбудлива на светот, но никој не знае да возврати со толкава добрина, како што умее Бикот. Добра храна, удобен дом, мир и спокој во стабилната врска – тоа е она за што тежнее Бикот.
Од овој знак нема да слушнете вербални изјави на љубов, ниту пак ќе доживеете драматично искажување на чувствата. Биковите љубовта најдобро ја искажуваат со физички допири и контакти, прегратки, милувања и преку сигурноста која доаѓа од поминување на слободното време со партнерот.
Таков е Бикот: Ќе ви покаже дека ве сака и тоа со малку зборови, а многу физички допири.
Биковите не сакаат кога некој им ја руши нивната рутина, туку за нив е важна стабилноста и мирот, па затоа, во љубовта најмали шанси имаат со знаците на кои им е потребна константна промена, како што се Близнаците и комплицираните Водолии.
Тие ќе бидат среќни со другите земјени знаци, Девиците или Јарците, или со водените знаци, Рибите, Раковите или Скорпиите. Но, Биковите често ги привлекуваат огнените знаци, Овенот, Лавот или Стрелецот, кои им нудат возбудување и ги поттикнуваат на акција.