MАЛИ VS ГОЛЕМИ ГРАДИ
Кога станува збор за големина на градите, вистинскиот костим за капење може да направи вистинско чудо. Тие можат да ги зголемат градите, да ги намалат, да ги затегнат, да ги исправат, но и да ги задржат на свое место.
За девојките со мали гради најдобар избор се дводелните костими во силни бои или со интересни дезени кои во горниот дел се украсени и проширени со карнери или набори. Да, малите гради обожаваат впечатливи дезени – цветови, невообичаени геометриски облици, тропски мотиви, животински дезени, риги и шари. Покрај ова задолжителни модели се и оние чии горни делови се со постава и ги поткреваат градите, односно имаат „пуш-ап“ ефект, како и популарните „банана“ моделите кои се совршени за жени со мали гради.
Што се однесува до големите гради пак, тука ситуацијата е сосема поинаква. Боите треба да се потемни, а горниот дел би требало да биде зацврстен. За девојките со големи гради се препорачуваат едноделните костими за капење, а кај дводелните горниот дел треба да има дополнителна лента под градите. Тие не треба да се со впечатливи принтови, а треба да се избегнуваат и моделите со карнери и набори, како и банана моделите.
На големите гради пред се им е потребна добра потпора и затоа најдобро е да изберете модел со подебели рамки кои се како создадени за големите гради.