Бијонсе во фантастично гламурозно издание
По неколкуте чудни off-duty комбинации Бијонсе конечно не воодушеви со нејзиниот моден избор. Овој пат станува збор за гламурозно модно издание во смарагдно зелена боја со кое се појави на хуманитарниот концерт „Tidal x Brooklyn“ во Њујорк.
Популарната пејачка изгледаше прекрасно во асиметричниот фустан составен од косо деколте на едно раме, долги ракави, ремен кој ја истакна занесната линија на пејачката и голем шлиц кој ги стави во преден план убавите нозе на пејачката.
Таа го носеше со ефектни салонки со светки кои максимално ја издолжија нејзината занесна фигура, а целата комбинација дополнително ја зачини со крзнен моден додаток во виолетова боја и оверсајз златни обетки.
Па, дали ви се допаѓа Бијонсе во овој фустан?