Сака да се врати во форма па стана вегетаријанка: „ Имам вишок енергија, кожата ми блеска и можам да јадам јаглехидрати“
Познатата пејачка повтор но премина на вегетаријанска храна
Пејачката веќе ги почна подготовките за фестивалот Коачела во САД на кој ќе биде главна ѕвезда. Таа за да се врати во форма повторно стана вегетаријанка, а ги повика и своите обожаватели да и се приклучат на патешествието.
„Уште 44 дена до Коачела! Време е за веганство“ – напиша познатата пејачка под една фотографија на која се гледа јадење на кое главната состојка е авокадото.
https://www.instagram.com/p/Bf1v43rFKF6/?utm_source=ig_embed
Познатата пејачка всушност повторно се држи до планот „22 Days Nutrition“ кој го има осмислено тренерот Марко Боргес, а кој го практикуваше и во 2015 година кога и се приклучи и сопругот Џеј Зи. Тие тогаш тргнаа во промоција на веганската храна, а Бијонсе се пофали дека откако преминала на ваквиот режим кој се темели исклучиво на растителни намирници забележала големи резултати.
https://www.instagram.com/p/Bf1wKnrFiqk/?utm_source=ig_embed
„Имав вишок енергија, кожата ми блескаше, а не морав да ги исфрлам јаглехидратите“ – изјави пред две години кога 22 дена беше исклучиво на вегетаријанска храна. Клучен дел од таквиот план е тезата дека луѓето своите навики ги усвојуваат дури по 21-от ден па затоа нужно е да се придржувате до ваквиот план на исхрана барем 22 дена.