Холивуд

Бијонсе ги покажа облините по породувањето, и тоа е ОК. Но дали се уште заслужува да биде една од најголемите поп диви на светот кога се повеќе личи на балканските кафански пејачки

Advertisement

 

Ново провокативно издание на Бијонсе …

Advertisement

Или не?

Познатата пејачка се породи во јуни 2017 и на овој свет донесе близнаци. И сега, само два месеци откако се породи кралицата на поп музиката повторно изгледа секси, и за тоа немаме дилеми. Но кога е во прашање нејзиниот стил, тогаш работата стои малку поинаку, а тоа очигледно го забележаа и нејзините обожаватели. Имено, во еден од нејзините последни постови на Инстаграм, на кој во видео формат се редат повеќе фотографии на кои носи еден ист фустан, не само што НЕ ни изгледа гламурозно, туку некако е и претерано кич, па дури и вулгарно, а фотографиите се со слаб, незадоволителен квалитет. Познатата мама која ја обожаваме како поради впечатливиот глас, така и поради величествените облини, овој пат сакајќи да го истакне својот сексапил и да се пофали со својата линија, ги премина границите и го направи тоа потполно неуверливо, безуспешно, без емоции, без страст… Видеото ни изгледа како некој филм од Б продукција (и тоа на оние од 90-тите), а нејзиниот стил пак, повеќе не потсетува на некои од нашите кич фолкерки (секоја чест на исклучоците!), отколку на вистинска дива. А таа несомнено е дива, нели? И нејзиниот задник изгледа беспрекорно, како и нејзините нозе, но тоа го знаеме сите, нели? Токму затоа и не ја доведуваме во прашање нејзината природна убавина, ниту пак нејзините облини, фризурата, шминката, модните додатоци, па дури ни црвениот краток фустан со спуштени раменици кој го носеше со елегантни црни сандали со високи потпетици. Но самиот амбиент на фотографиите, позирањето во ходник, нејзиниот збунет израз … 

Навистина не ни е јасно што се случува со познатата поп икона во последно време и има ли воопшто пилот во нејзиниот тим одговорен за социјалните мрежи?!

Да, таа изгледа секси и кога го соблекува фустанот, и кога го облекува, и кога ги става рацете на задникот, и кога позира, но зарем не се прашувате и вие зошто пејачката НЕ го направи тоа на малку посуптилен, поубав, покреативен, поестетски начин?

https://www.instagram.com/p/BYEh_X4gV1c/?taken-by=beyonce

Не, нејзините 105 милиони обожаватели на Инстаграм НЕ го заслужуваат тоа …

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button