Бијонсе и Кејт Мидлтон иако имаат сосема различен стил на облекување, тие сепак имаат и нешто заедничко.
Имено, и двете го обожаваат англискиот бренд „Temperley London“. Тоа можевме да го видиме и пред неколку дена кога Бијонсе на социјалните мрежи објави фотографии на кои позира во проѕирен бел фустан со ѕвезди симболично наречен Starling. Фустанот е со максимално женствен крој, со долги ракави и затворено деколте, а кралицата на поп музиката го носеше со кармин во темноцрвена боја, металик синџири и нараквици, бела ПВЦ чанта и големи обетки, додека на нозете носеше проѕирни чевли со отворени прсти.
https://www.instagram.com/p/Bgo1SEcF-L4/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bgo1NmHFZaB/?utm_source=ig_embed
Па, дали ви се допаѓа Бијонсе во ова издание?