Тие се забавни, отворени, авантуристи кои сакаат патувања и интелектуални предизвици. Стрелцте умеат да ве насмеат до солзи и да ви го подобрат расположението. Ако имате ваков пријател до вас, тогаш вие имате навистина среќа, затоа што можете заеднички да се впуштите во различни авантури и да планирате различни патувања.
Некои пријатели може да бидат наметливи, но не и Стрелците. Тие се независни и најважна им е слободата. Големи интелектуалци се и имаат широк спектар на интереси. Тие читаат многу и се навистина добро образувани, затоа што учењето им е најголема мотивација во животот. Ако и вам ви се допаѓа учењето, тогаш тие може да ве подучуваат за важни необични теми – од азиска уметност, до хип хоп музика.
Стрелците се брутално искрени и дефинитивно од нив нема да чуете некои слатки лаги, само за да бидете задоволни. Тие имаат свое издржано мислење и не се плашат да го изразат. Стрелците се верни пријатели кои може да ви понудат корисни совети – не испуштајте ги!