MAMAКафе муабет

Ако на луѓето им дадете еден прст, тие ќе ви ја земат целата рака – затоа бидете она што сте и не спуштајте ги вашите критериуми

Advertisement

Ако некој не успева да ве согледа во вистинското светло и да ги види вашите вредности, тогаш не е проблемот во вас, туку во нив.

Advertisement

Не дозовлувајте си поради тоа да ги спуштите своите критериуми и да го правите сѐ она што тие го сакаат. Верувајте дека во еден момент ќе ве искористат, тоа е во карактерот на многумина. Кога ќе им дадете еден прст – тие ќе ви ја земат целата рака.

Ако не ве ценат – не докажувајте се, бидете она што навистина се. Не спуштајте ја цената на своето достоинство. Ако не ви веруваат – не правдете им се за она што го правите и како го правите. Кога не сакаат да веруваат – и нема да го прават тоа. Доволно е да останете верни самите на себе и ќе видите како полека работите ќе се менуваат кон подобро. Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе ги пронајдете – држете ги како капка вода на дланка, а останатите занемарете ги. Вашите очи нема веднаш да ги познаат добрите луѓе, но кога еднаш ќе ги сфатите, тогаш не дозовлувајте ништо да ве одвои од нив.

Кога вие ќе станете најдобра верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чијашто присутност ќе ве исполнува. Тогаш вашиот живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button