Реклама
Култура[тор]

Big Damn Band во Беглрад на 15 ноември

Реклама

„Во Белград во популарниот Gun Club на 15 ноември ќе настапат култните кантри-блуз-панк бенд The Reverend Peyton’s Big Damn Band кои што доаѓаат од Браун Каунти во Индијана.“

Нивниот фронтмен Josh „The Reverend“ Peyton уште во најраната младост бил заразен со музика и тоа преку плочите на неговиот татко кој ги слушал Bob Dylan, Neil Young и Jimi Hendrix. Во својата 12 година добива гитара и со неговиот брат, Jayme Peyton, го оформуваат тинејџерскиот бенд Drive-Thru со кој настапуваат по локалните клубови. Набргу тој почнува да се свртува кон блуз музиката (B.B. King, Muddy Waters i Bukka White) со што то навлегува длабоку во историјата на музиката, се до предвоениот перод на кантри-блуз мајсторот Charli Patton и неговото карактеристично finger-picking свирење на гитарата.

Маркетинг

alt

Peyton во 2003 година се жени со Breezy која му ги открива Squirrel Nut Zippers – прекрасен рок-свинг состав, а тој на неа пак делта и кантри музиката. Така нивната љубов започнува и се оформува фамилијарниот The Reverend Peyton’s Big Damn Band во кој се приклучува и неговиот брат Jayme.

Маркетинг

Тие најпрво свират по околните локали, но набргу откако ќе го извежбаат својот репертоар стасуваат и до популарниот клуб на Морган Фреман во Мисисипи – Ground Zero. По една нивна свирка на турнеја со Mary Prankster тие одлучуваат да продадат се што имаат, купуваат комбе – и од тогаш па се до денес, тие се на постојана турнеја. Годишно имаат околу 250 концерта, а тој ритам го држат уште од 2006 година.

Во соработка со ирските фолк рокери Flogging Molly, кои два пати ги ластат турнеја (во 2007-та и 2008-та), тие доаѓаат до посериозни издавачка куќа – SideOneDummy Records , и за нив ги издаваат последните три албума.  Тие нивни албуми стигаат дури до 7 место на популарната блуз листа на Билборд.

Инаку Reverend Peyton’s Big Damn Band за прв пат гостуваат во Србија, а концертот е закажан за 15 ноември во Gun Club од 10 часто. Па доколку случајно се најдете во Белград, не испуштајте го овој настан!

{youtube}dxJxbKJYz8A{/youtube}

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button